17 Мај, 2024
0.1423

Откриен идентитетот на 22 000 припадници на Исламска држава

Објавено во: Свет 10 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Се појавија неколку документи од Исламска држава (Ирак и Левент ИСИЛ) со податоци на 22 000 припадници на таа организација од 51 земја а ги проследија британските безбедносни служби, објави Скај Њуз.

Со помош на тие документи би можеле да бидат откриени плановите за вооружени напади во Европа, пренесуваат британските медиуми.

Опозициониот сириски портал „Zaman al-Wasl“ објавил дел од формуларот со анкета од 23 прашања за имиња, датуми и места на раѓање, националност дури и крвна група на припадниците на ИСИЛ , во кои имал увид Скај Њуз.

Четвртина се од Саудиска Арабија

Во формуларите истакнати членови на групата ИСИЛ се прашани дали сакаат да и служат на таа организација како бомбаши самоубијци, војници или на некој друг начин, како и да ги наведат претходните „џихадистички искуства“.

Податоците на поедини веќе познати членови на ИСИЛ исто така се наоѓаат во документите, а меѓу нив се и британските државјани Абдал Бари, Јунаид Хусеин и Ријад Кан.

„Zaman al-Wasl“ тврди дека се откриени личните податоци на 1736 борци од 40 земји, од кои четвртина се од Саудиска Арабија.

Меѓу нив има и голем број државјани од Тунис, Мароко и Египет, како и наводно, 16 британски државјани.

Кога се работи за борците од Европа, мнозинството се од Франција, следат државјаните на Германија и Велика Британија, додека четири лица се од САД,  а шест  од Канада.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји