17 Мај, 2024
0.0378

Осумте земји со највисок квалитет на живот

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена на Светскиот економски форум во Давос беше претставено истражувањето „сеопфатен индекс на развој“ (Inclusive Development Index). Тоа споредува 109 земји во 12 клучни показатели за развој во 3 главни групи - Раст и развој, Сеопфатност и Интеграција и одржливост.

Индикаторите вклучуваат раст на БДП, перформанси на работната сила и здрав живот, среден доход на домаќинствата, сиромаштија и нееднаквост, просечни нето заштеди, демографија, задолженост, дури и интензитет на воздухот- т.е. загадување на животната средина.

Од 109-те испитани земји, 30 се сметаат за напредни економии. Еве и кои се 8-те од нив со најдобар квалитет на животот.

8. Австралија

Земјата ги има едни од највисоките резултати кај инвестициите во реална економија, претприемништво, образованието и здравствените услуги. Нејзините резултати се послаби во однос на продуктивноста на трудот и нивото на платите.

7. Холандија

Холанѓаните се радуваат на највисоко ниво на образование, инфраструктура и здравството, но земјата се справува лошо во споредба со своите конкуренти, во инвестициите во реалната економија.

6. Шведска

Услугите и инфраструктурата тука се меѓу првите во светот, како и бизнис и политичката етика. Земјата е на високи позиции по ниво на плати и надоместоци.

5. Данска

Таа е со високи резултати во сите испитувани области, со исклучок на инвестиции во реална економија.

4. Исланд

Малата северна страна има добри индикатори, но се претставува слабо во однос на финансискиот систем. Ова е причината да не е во Топ 3.

3. Швајцарија

Со високи резултати по сите критериуми, особено продуктивноста.

2. Луксембург

Малото Војводство ги има едни од највисоките резултати во однос на здравството, образованието, кириите и бизнис и политичка етика.

1. Норвешка

Норвешка е најразвиена земја во светот. И иако нејзината економија бележи кревка раст од 0,5%, граѓаните и се радуваат на најдобар квалитет на животот, а стандардот им се зголемува за 10,6% во годините од 2008-та до 2013-та, тврдат од Светскиот економски форум.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!