19 Мај, 2024
0.0311

Осум години казна затвор за Сашо Мијалков за „Трезор“

Објавено во: Македонија 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

За поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков првостепено е пресудена вкупна казна затвор од осум години за случајот „Трезор“, Горан Грујевски, инаку недостапен за прогонот, доби 15 години, Небојша Стајковиќ пет години, за Тони Јакимовски одредени се исто така пет години. На правното лице „Финзи“ му се конфискува имот од 10.980.000 денари.

Кривичниот суд утврди дека Сашо Мијалков стои зад компанијата „Фензи“ од САД, која не би била конкурентна во набавката на комуникациска опрема доколку не биле раководителите на поранешното Управа за безбедност и контраразузнавање.. 

Утврдена е голема заработка од 870.000 евра преку голема разлика меѓу набавната и продажната цена за набавувачот „Финзи“ на електронска и комуникациска опрема од производителот „ГАМА“, преку која директно одела набавката. Останатат сума од штетата осудените треба да ја вратат во буџетот, одлучи судот, по правосилноста на пресудата.

Предметот „Трезор“ се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор“ првообвинет неше поранешниот директор на УБК Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јакимовски за помагање.

Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места