17 Мај, 2024
0.0275

Осудија продавач во Германија, не пуштал мигранти

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Германски сопственик на продавница кој поставил табла со натпис „Кандидатите за азил да чекаат надвор", а до натписот имало слика на куче, е прогласен за виновен за поттикнување омраза од судот денеска, соопштува ДПА.

„Главниот проблем е кучето"- рече судијата, и ја поддржа тезата на обвинителството, според кој натписот ги изедначува луѓето со животни.

Иако во Германија сопствениците на кучиња можат да влезат во многу трговски објекти со нивните миленичиња, животните обично не се дозволени во продавници за намирници поради хигиенски причини.

Таквите продавници традиционално поставуваат табли со натпис „Кучињата треба да чекаат надвор".

Според обвинителството индиректната порака на таблата  е дека кандидатите за азил се толку валкани, дека не треба да им биде дозволен влез во продавници за намирници. 

Сопственикот на продавницата, кој е од јужниот германски град Селб, доби предупредување и обврзан е да плати  1800 евра на две градинки. Обвинителството бараше казна од 6000 евра.

Адвокатот на одбраната додаде дека неговиот клиент немал цел да  деградира ниедна конкретна група.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра