15 Мај, 2024
0.0268

Основачот на Дизел ја купи италијанската модна куќа Марни

Објавено во: Стил 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Основачот на Дизел, Ренцо Росо стана мнозински сопственик и на италијанската модна куќа Марни, пишуваат француски медиуми. Со својот холдинг „ОТБ“, Ренцо Росо кој е мнозински сопственик на куќата Мартин Маргиела и на Виктор и Ролф, со мнозински капитал влезе во компанијата Марни која ја основаа брачната двојка Консуело и Џани Кастиљони во 1994 година. Брачната двојка Кастиљони, кои водат стотици продавници во светот, три месеци барале инвеститири. Ренцо Росо со капитал од 1,3 милијарди евра, сега има можност да ја зачува италијанската марка и нејзиниот препознатлив стил.