04 Мај, 2024
0.0325

Османи не очекува Бугарија да не блокира: Ние го немаме тој документ, да не наметнуваме притисоци

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

„Бугарија веќе даде унилатерална забелешка, но го одобри и отпочнувањето на преговорите на нашата земја со ЕУ.  Не треба да наметнуваме негативна динамика на притисоци. Кога паѓа комуникацијата, се јавуваат предрасуди. Сега е добар момент да се воспостави интензивна комуникација“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи денеска на прашањето како Македонија ќе реагира по објавувањето на содржината на Меморандумот кој што Бугарија го испратила до земјите-членки на ЕУ а во кој има забелешки за јазичниот и националниот идентитет.

- Како земја кандидат не сме дел од официјалниот ланец на кореспонденција меѓу земјите членки, но наша должност е преку секојдневните комуникации да ги осознанеме намерите. Мојот став е дека целта на договорот беше да се воведе ред во овој хаос на комуницирање кој што беше во последните децении во однос на разликите во комуницирање. Треба да се воведе рамка на две траектории - едната за актуелните политички и економски односи и втората за разликите во толкувањата на историските настани кои ги оптоваруваа двете земји. Овие траектории беа вкрстени и негативно делуваа на односите. Улогата на договорот е интерпретацијата и толкувањата на историски настани да не влијаат на политиката и економијата. Тие настани треба да се остават на историчарите и научниците, коментираше Османи.

Според шефот на македонската дипломатија, договорот за добрососедство со Бугарија се засновува на добра воља имеѓусебно почитување и дека не е договор за наметнување на наративите од една на друга страна. 

- Нема да навлезам во дебата затоа што не сме дел од таа кореспонденицја, ние го немаме тој документ, но треба да се почитува принципот на раздвојување на двете траектории каде што мислам дека и кај двете има напредок во меѓусебното почитување и напредок на односите во кои било сегменти, вели Османи.

Тврди дека политиката и политичарите може само да пречат на работата на историчарите и научниците, додека ставот на ЕУ е дека преговарачката рамка не е платформа каде што се билатеризираат односите помеѓу земјите. Тој не очекува дека може да дојде до блокада, или одредени технички одложувања на меѓувладината конференција и официјалниот почеток на преговорите.




Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави