01 Мај, 2024
0.0392

Османи: Кризниот штаб чека повици од луѓето во Израел за евакуација

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024

Добивај вести на Viber


По нападот на Иран врз Израел, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека првата одлука што ја донел денеска е формирање на Кризен штаб, кој ќе служи и за евакуација на граѓаните кои се наоѓаат во Израел.

„Аеродромот во Тел Авив беше отворен утринава, но само за ограничен превоз. Кризниот тим што го формирав утрово сега врши идентификација и прима повици од луѓе. Не можеме да знаеме каде е секој турист во моментот, па затоа ги дадов телефонските броеви за сите оние кои се на Блискиот Исток и сакаат да се вратат дома да се јават во нашите амбасади или во МНР за да можеме да им договориме превоз. “, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија го повика шефот на државата Стево Пендаровски да го повика Советот за безбедност. Според Османи, тие заедно со раководствата на политичките партии треба да комуницираат за последиците од војните кои ќе создадат бегалски бран кој може да ја дестабилизира државата.

„Ги повикувам и претседателот на државата да го повика Советот за безбедност, вклучително и лидерите на опозицијата и сите партии, бидејќи помасовна ескалација на Блискиот Исток може да предизвика бран бегалци кои секако ќе го искористат Балканот. значи и Република Северна Македонија со сите можни последици и оттука мора да го зголемиме отпорот на државата кон ваквите предизвици“, рече Османи.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија