18 Мај, 2024
0.0299

Османи: ДУИ е загрижен за тоа што Пендаровски го назначи Муслиу за директор на АЗ

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека ДУИ е загрижен по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.

"Вчерашната одлука на претседателот ги вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации ", рече Османи.

Османи додаде дека се додека предметот Куманово не биде целосно разјаснет, инволвираните лица не можат да заземат клучни позиции во институциите. Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил со задни намери.

Именувањето на независниот експерт Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за „трн во око“ на ДУИ.

Муслиу беше споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор на агенцијата, но Ѓорѓе Иванов се повлекол од можниот избор по силна реакција на ДУИ, кој кандидатот тогаш го оцени како „несоодветно кадровско решение“.

Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо. 

Се верува дека документите според кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е именуван како Александар Антиќ-соработник на УДБА, се објавени во јавноста токму од Муслиу.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“