27 Април, 2024
0.0251

Оскарите низ бројки и факти

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Вечерва во Кодак Театарот во Лос Анџелес ќе се одржи 85то доделување на најпрестижната филмска награда, Оскар. Историската драма Линколн на Стивен Спилберг има најмногу номинации, дури 12, вклучително и номинациите за најдобар филм и најдобар актер. Токму Даниел Де Луис, кој го игра Линколн, има историска шанса да влезе во Академијата како актер кој доколку го добие и овој, ќе има 3 статуетки како најдобар актер. Претходните две ги освои во 1989 и 2007та. Со третиот Оскар ќе стане првиот актер на кој тоа и му успеало. Почести за Џемс Бонд Годинава организаторите одлучија да му оддадат почест на Џемс Бонд. Во текот на самата церемонија ќе биде одбележан 50тиот роденден на легендарниот агент 007. Францускиот не им се допаѓа на членовите на Академијата Она што е интересно, е фактот дека досега ниеден филм во кој актерите зборувале на француски јазик не освоил Оскар. Амоур годинава има 5 номинации, меѓу кои е и номинација за најдобар филм, но тешко е да се очекува дека Академијата ќе се одлучи за него. Веројатно ќе се тешат со наградата за најдобар странски филм. Луксузно мени во чест на гостите Вечерва 1500 те гости на Балот кој ќе се организира веднаш по Оскарите ќе се гостат со: -7 500 рака, -6 500 лепчиња во форма на познатата статуетка,     -5 000 мини чоколатца Оскар,     -1 500 шишиња Шампањско вино,      -1 300 школки,               -1 250 јастози,        -4, 5 кг златна прашина која се јаде,         -5 кг врвен американски кавијар Оскарот низ бројки Самата статуетка Оскар тежи 3,6 кг, висока е 33 см. Оваа филмска награда е востановена во 1929, значи Оскарот има 84 години. Годината кога започнало доделвањето на Оскарите влезницата чинела 5 долари. Денес на доделувањето се влегува само со покана. Најдолгото тв шоу досега е доделувањето на Оскарите во 2002та кое траело 4 часа и 23 минути, а накраткото е во 1959та, траело 1час и 40 минути. Најмладата и највозрасната актерка се натпреваруваат за Оскар Наградата за најдобра актерка годинава ќе биде посебно интересна затоа што би можела да ја добие најмладата или највозрасната актерка досега. Емануел Рива за улогата на Ана во филмот Амур ја доби номинацијата на 85 годишна возраст. Досега највозрасна е Џесика Тенди која доби Оскар на 80 години. Кувензан Балис има само десет години, а ако добие Оскар во категоријата најдобра актерка, ќе биде најмладата, но и втора Афроамериканка по Хали Бери која го освоила ова признание. Дензел Вашингтон доколку ја добие најпосакуваната филмска статуетка, ќе стане првиот Афроамериканец кој двапати го добил Оскарот. И Македонци во трката за Оскар За крај, за нас интересно е што повторно македонска екипа може да се закити со Оакр. Македонското студио за анимација и визулени ефекти Фх3х и годинава имаат номинација. Во филмовите: Животот на Пи, Прометеј и Одмазници номинирани се за Оскар за визуелни ефекти. Покрај ова, работеа и на филмот Клетници кој годинава е во кокуренција за најдобар филм.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти