03 Мај, 2024
0.0240

Оризопроизводителите протестираат, Министерството обвинува за дневна политика

Објавено во: Агробизнис 29 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) преку соопштение изрази жалење поради одлуката за протест на кочанските оризопроизводителите и обвинуваат дека протестот е политички мотивиран. „Доколку некој навистина сака да стави крај на манипулациите потребно е да ги пронајде причините за тоа. Тие секако не се во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку токму во оние кои упорно дневно-политичките интереси ги ставаат пред интересите на земјоделците“, стои во соопштението и се додава дека  овој протест е насочен против Министерството, а не кон откупувачите, од кои дел активно учествувале во организирањето и поддржувањето на протестот, раководејќи се од сопствените интереси. Коко што се истакнува во соопштението, Министерството врши  интензивни контроли на процесот на откупот на оризовата арпа, како и на сите вклучени фактори во производството на ориз, а јавноста ќе биде известена за сите лаги и сите манипулации од неодговорни и од разни побуди мотивирани лица кои работат на штета на производителите на ориз, потценувајќи го нивниот труд и нивниот интерес. Оризопроизводителите денешниот протест го најавија поради тоа што цената на оризовата арпа што била договорена со Владата преку ресорното Министерств,  воопшто не се почитувала  на теренот, а  место договорените 25 денари по килограм арпата се откупува за помалку од 20 денари по килограм обвинуваат тие.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?