18 Мај, 2024
0.0286

Органското производство: Mожност за нови работни места

Објавено во: Економија, Мои пари 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Производителите на органски производи оваа година организирано се претставуваат на Агрофуд 2015. Беорг, Наша Добра Земја, Тера Органика, Биона, БиоКулт, Екогрин, Биофлор, Процерт, Балкан Биоцерт, Липа и Федерацијата на органски производители во Македонија, потпомогнати од IME (Increasing Market Employability) програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, заеднички ќе ги претстават своите производи и бизнис приказни во посебен дел во кој акцентот ќе биде ставен на производството на здрава храна.

agrofud1

Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија и има огромен потенцијал за вработување на млади и прогресивни фармери. Токму затоа, IME програмата чијашто основна цел е да овозможи системски промени кои ќе доведат до поголеми можности за вработување, направи напори оваа година организирано да ги вклучи органските производители на саемот за широка потрошувачка Агрофуд 2015.

На сите присутни посетители и потенцијални заинтересирани бизнис партнери за органско производство, ќе им се претстават можности за соработка со компаниите кои ќе се претстават на саемот, а ќе се одржат и панел дискусии за придобивките од органските производи, како и за различните бизнис модели и пристап до финансии за сите кои се заинтересирани да започнат свој бизнис во овој сегмент. На саемот со поддршка од IME ќе присуствува и Швајцарската компанија за производство на органско семе Sativa, со цел да направи анализа за можноста за партнерство и поддршка на локално производство на органско семе.

agrofud3

„Дојдете на АГРОФУД 2015 да ја слушнете нашата приказна!“, порачуваат органските производители и соработници на IME програмата, кои на 1ви октомври, денот на отворањето на саемот, ќе ги очекуваат сите посетители за да ги споделат своите искуства.

agrofud2

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact,  во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Целта на програмата е повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или заработуваат повисоки примања.Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2,000 работни места (директни или индиректни) и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1,000 млади и средни претпријатија  за 1.5 милиони евра .

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа