Орбан: Сорос има влијание во сите европски институции
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2019
Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој му понуди засолниште на поранешниот премиер Никола Груевски во неговата земја, во редовното петочно интервју вели дека Џорџ Сорос го зголемува своето влијание во европските институции.
„Сорос има силни петставници во Европскиот Парламент. Очигледно е дека Сорос сака да ги запоседне европските институции, рече Орбан.
Според него, левоориентираниот пратеник и актуелен заменик претседател на Европската комисија, Франс Тимерменс е „човек на Сорос“. Тимерманс е кандидат и за претседател на ЕК.
На 30 јануари во Европскиот Паралмент ќе биде дискутирана ситуацијата во Унгарија.