27 Април, 2024
0.0305

ОПСЕДНАТОСТ СО ПОЛИТИКА, АФЕРИ, СКАНДАЛИ: Дали ова е вградено во психо - генезата на народот?

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Македонските граѓаните будно следат што се случува на политичката сцена, а аферите и скандалите се теми за кои долго се зборува. Последно е бегството и пронаѓањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, настан кој доживеа пресврт во еден ден.

Психологот Атанас Иваноски вели дека опседнатоста со политика е во металниот склоп на народот, и тоа е составен дел од психо – генезата на народот со децении и векови, што не е спорно, и со истото се соочиле и многу други нации. Но, вели дека тешко е поединецот да се издигне над тоа и да промени нешто, да утврди што му е приоритет во животот, и да ја промени својата филозофија на живеење. Психологот објаснува дека ваквите теми се пренагласени кај народот, но и во медиумите, иако во одредени граници е нормално човекот како социјално битие да го интересираат овие теми.

„Човекот е едно општествено – политичко битие. Нормално е да го интересира, но поединецот не може да прави дистинкција што е релевантно, а што не. Гледаме што го интересира и што коментира народот, криминал, корупција, нискиот морал, искривените вредности. Ние тоа го размислуваме, но проблемот настанува кога му даваме преголемо, дополнително значење. Луѓето се некако безидејни, и потешко е поединецот да се издигне себеси. Луѓето не следат уметност, филм, култура, поезија, спорт, туку политика и полесно им да е ја „управуваат“ Македонија од пред компјутери и мобилни телефони,  oтколку да се насочат кон промена на нефункционалните општествени сегменти и градење здраво општество“, вели Иваноски. 

Секогаш кога ќе се појави политичка афера во земјава, социјалните мрежи „вријат“ од коментари, во кои има бес, незадоволство, но и доза на сарказам.  Претходно, кога екс премиерот Никола Груевски избега од Македонија, многу граѓани беа воодушевени од неговиот потег, му посакуваа среќа и му даваа идеи како да си го исполни врeмето во Будимпешта.

Во развиените земји има помал интерес за следење на политичките настани. Анкета која  е направена пред неколку години покажа дека 35 отсто од Французите не знаат каков се вика нивниот премиер. Последната анкета за користење на слободното време спроведена од Државниот завод за статистика покажува дека најголем дел од времето во денот македонските граѓани го поминуваат во спиење, а слободно време најмногу се троши за гледање на телевизија. Во Европа пак слободното време граѓаните најчесто го посветуваат на спортски активности.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“