19 Мај, 2024
0.0277

ОПРАВДАНИ СТРАВУВАЊА: Германија ќе изгуби 45 милијарди евра при „Brexit“

Објавено во: Економија, Свет 14 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

До почетокот на 2017 година германската економија ќе загуби 45 милијарди евра при излегување на Британија од ЕУ. Тоа ја покажува анализа на германската „DZ Bank“ (Германската централна кооперативна банка).

„Негативниот ефект ќе се почувствува уште во втората половина на оваа година. Според кризното сценарио за Германија ќе настапи блага рецесија околу Нова година“, изјави економистката на банката Моника Бовен.

Според анализата, бруто домашниот производ (БДП) на Сојузната република за 2017 година нема да се зголеми за очекуваните 1,7%, а само за 0,5 отсто. За оваа година растот нема да биде 1,8%, туку  1,4 отсто или загуба од 45 милијарди евра.

„За германската економија на коцка е ставено премногу, бидејќи Велика Британија е еден од нашите најважни трговски партнери“, рече Бовен со оглед на најавениот референдум на  23 јуни на Островот.

Според сегашните анкети британските гласачи се раздвоени по прашањето за или против излегувањето на земјата од ЕУ.

Минатата година Германија извезе за Британија стоки за 90 милијарди евра, што е рекорд. Поголем бил извозот само за САД и Франција.

„Извозот за Велика Британија во 2015 година значително придонесе за стабилизирање на германската конјунктура. При „Brexit последиците за германскиот извоз ќе се чувствителни“, посочи Бовен.

Според неа вистинските последици за Британија при „Brexit“ требало да се почувствуваат по неколку години, но Германија ќе да настрада уште сега.

„Ова е ѓаволски круг - девалвација на валута, паѓање на курсеви на пазарот на акции и уплашени странски инвеститори. Тоа би довело до празнење во финансискиот сектор, што ќе се одрази катастрофално на реалната економија“, предупредува економистката.

Таа не ја исклучува и сеопфатната криза во ЕУ, ако Велика Британија излезе од Унијата. Имало голема опасност да се појават сомневања во врска со иднината на Европа, како и на еврозоната. Тоа требало да доведе и до политичка криза со болни последици.

„Една политичка криза во ЕУ најверојатно ќе доведе до опипливи турбуленции на финансиските пазари“, не иг крие стравувањата Моника Бовен.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници