02 Мај, 2024
0.0263

Опра повеќе не е најбогата, еве кој ја замени

Објавено во: Стил 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Американската ТВ водителка Опра Винфри, секогаш беше на врвот на топ листите на најбогати ѕвезди во шоу-бизнисот, но повеќе не е така. "Huffington Post" пишува дека Опра е симната на петтото место од страна на Џулија Луис-Дрејфис, која е најпозната по улогата на Илејн, во хумористичната серија "Sienfeld". Нејзиното богатство се проценува на 3 милијарди долари, што е за 300 милиони повеќе од Опра. Но, богатството на Џулија не се должи само на заработката од снимањата, важно е да споменеме дека таа воедно е и богата наследничка, а нејзината фамилија има милијарди. Воедно, глумицата се наоѓа на четвртото место, веднаш под славниот режисер Стивен Спилберг, кој исто така заработи 3 милијарди. Сепак, на првото место убедливо води режисерот Џорџ Лукас со заработка од 7,3 милијарди долари заради продажбата на франшизата "Star Wars" на студиото "Disney".   Листата на 10-те најбогати шоумени изгледа вака: 1. Џорџ Лукас: 7,3 милијарди долари 2. Дина Мерил: 5 милијарди долари 3. Стивен Спилберг: 3 милијарди долари 4. Џулија Луис-Дрејфис: 3 милијарди долари 5. Опра Винфри: 2,7 милијарди долари 6. Џејми Гертц: 2 милијарди долари 7. Ендру Лојд Вебер: 1,2 милијарди долари 8. Мерв Грифин: 1 милијардa долари 9. Џеј Кеј Роулинг: 1 милијардa долари 10.Џери Сајнфилд: 800 милиони долари