18 Мај, 2024
0.0289

Опасноста од загадениот воздух доаѓа: Над 60 отсто од домаќинствата се греат на дрва

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Македонците и оваа есен дишат загаден воздух. Деновиве мерните станици на Министерството за животна средина покажаа високо и многу високо загаден воздух во Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и други градови.  Mинатата недела и дел од скопските општини имаа концентрација на ПМ честички два до три пати над дозволеното. Грејната сезона почна.

Дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење, покажуваат податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“. 

Сѐ додека не ги прифатиме директивите на ЕУ која ги бара од нас за тоа колку загадуваат индистриските капацитети и нивен мониторинг што значи индустриските капацитети да бидат поврзани на мерните инструменти од Министетството за животна средина и просторно планирање и во секој момент да имаме увид колку се движи загадувањето, дотогаш домаќинствата ќе бидат посочувани како едни од главните загадувачи. Како држава треба да се стремиме да ги користиме обновливите извори на енергија, а не користење на јаглен за добивање на електрична енергија. Постојано се вртиме во круг. Загадениот воздух за некого е само голем бизнис. Треба да размислуваме глобално, а да делуваме локално“, вели Светлана Станојковска, екологист.

Скопје лани беше најзагадениот град во светот. Но, ништо подобри не беа ниту главните градови од регионот. Високо загаден воздух имаше и во Сараево дури и во летото.

Лекарите потенцираа дека оваа година аерозагадувањето ќе биде многу штетно за луѓето, во комбинација со пандемијата на коронавирусот која секој ден одзема животи.

Загадувањето на воздухот е причина за смртност на околу 3.000 лица годишно во државава и е петти главен ризик-фактор за смртност во светот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување