18 Мај, 2024
0.0371

ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ

ОПАСНИ СЕ: Места во Европа кои треба да ги избегнувате

Објавено во: Свет 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Унгарските власти издадоа детална карта на која се означени околу 900 опасни места во Европа, за кои препораката е да не се посетуваат.

Причината е дека во сите овие области има сериозно население од мигранти. Листата ги вклучува Лондон, Париз и Берлин.

Активностите на унгарските власти сепак предизвикаа остра реакција на некои земји од Европската унија. Од почетокот на миграционата криза унгарскиот премиер Виктор Орбан е критикуван од европските лидери поради грубиот и агресивен тон против бегалците.

Неговата земја дури одби да засолне и еден мигрант според планот на Брисел за справување со оваа криза. Орбан дури организира референдум на 2 октомври, во обид да добие одобрение од унгарските државјани против задолжителните квоти за раселување на мигранти меѓу земјите членки на заедницата.

Претходно денеска унгарскиот премиер изјави дека сите нелегални имигранти во ЕУ треба да бидат депортирани во специјално изградени бегалски кампови за таа цел надвор од рамките на блокот. Според него тоа може да се направи на остров или крајбрежен регион на Северна Африка, но обезбедувањето и снабдувањето треба да бидат гарантирани од ЕУ во името на сопствениот интерес на Унијата.

Во меѓувреме скандинавските земји ја повикаа ЕУ да преземе мерки против Унгарија поради нејзината неподготвеност да регистрира азил.

Можеби ќе ве интересира

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници