ОН со забелешки за Турција за киднапирања, убивања, мачења
Објавено во: Балкан 10 Март, 2017
За помалку од 18 месеци властите во Турција убиле над 2.000 лица.
ОН ја обвини Турција за сериозни повреди на човековите права во југоисточниот дел на државата.
Во исто време речиси 500.000 лица, претежно Курди се иселени од своите домови во периодот од јули 2015 година до декември 2016 година, се наведува во извештај на ОН, цитиран од „The Independent“.
Сателитски слики покажуваат „огромна по обем на материјална штета“ на стотици згради.
Во периодот од јули 2015 година, истражителите на ОН имаат документирано илјадници убиства, исчезнати, тортура и други повреди на човековите права.
Генералниот секретар на ОН за човекови права, Зеид Раад Ал Хусеин ја критикува турската влада, велејќи дека е „особено загрижен од информациите дека нема спроведени истраги“ за насилството над цивили.
Извештајот се базира на сведочења, документи и слики од сателити, затоа што турската влада одби да обезбеди пристап на инспекторите до областите на насилството.