Омикрон предизвика „експлозија“ на бројот на инфицирани во Африка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Декември, 2021 16:10
Омикрон доведе до „експлозија“ на бројот на инфицирани во Африка. Таму за повеќе од 100 отсто е зголемен бројот на новозаразени со коронавирус.
Минатата недела се потврдени 52.300 инфекции, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Само во Јужна Африка, потврдени се 31.000 заразени со коронавирус. Овој сој е откриен во Боцвана, Гана, Нигерија и Јужна Африка. Во Африка, само седум проценти од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот. Континентот набави 417,5 милиони дози вакцина, од кои 235,8 милиони беа инјектирани. Експертите предупредуваат дека бројот на непотврдени случаи на инфекцијата во Африка, веројатно е многу поголем. Единаесет африкански земји во моментов се борат со четвртиот бран на заразата, а Маурициус веќе влегува во петтиот бран. До јануари, можно е овој сој да доминира во Европа.
Од СЗО велат дека дури и ако сте прележале коронавирус, сепак може да се заразите со омикрон. Овој сој веќе е потврден кај јужниот сосед.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





