Омикрон е потврден во 80 држави, за празниците се воведуваат рестрикции
Објавено во: Свет, Интервјуа 16 Декември, 2021 16:58
Oмикрон сојот на коронавирусот досега е потврден во 80 држави во светот.
Се појави во Јужна Африка, но многу брзо се прошири во светот. Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави дека сојот омикрон најверојатно ќе стане доминантен во ЕУ во првите два месеци од 2022 година. Брзото ширење на новиот сој омикрон, кој сочинува приближно еден процент од новите инфекции во Холандија, е причина за загриженост и претпазливост, предупреди холандскиот премиер Марк Руте. Холандија за божиќните празници ќе ги продолжи ограничувањата, а по препорака на експертите основните училишта ќе се затворат една недела порано.
Франција е подготвена да ги заостри ограничувањата за патниците кои пристигнуваат од Обединетото кралство за да се забави ширењето на омикрон. Бројот на потврдените случаи на Омикрон во моментов е многу повисокот во Британија отколку во Франција.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




