18 Мај, 2024
0.0268

Омаж за „ОХИС“: Некогашната национална гордост што го переше целиот Балкан

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Македонски хемиски гигант од балкански рамки, холдинг во кој имаше 5 големи хемиски фабрики и уште 8 друштва, производител на артикли од базична хемија, инсектициди и пестициди, фамозната македонска „Билјана“, бои и лакови, е-стакло, преку цевки, гранулати, до козметика. Некогашната моторна сила на Македонската економија фактор за развој на индустријата. По распадот на СФРЈ пред 25 години, се мачеше и не успеа да фати правец и да се консолидира. Голготата во која хемискиот гигант на поранешниот систем се сведе на мала манифактура која зависеше и чекаше токму од оние кои преку увоз на разноразни продукти го доведоа до пропаста Органска-хемиска индустрија „Наум Наумовски – Борче“, некогашна гордост на македонска индустрија, сега фирма во стечај чија иднина зависи од доверителите и е речиси извесно дека епилогот ќе биде ликвидација. ОХИС, македонскиот гигант од кого остана само името и споменот дека „едно време“ го переше целиот балкански полуостров. 02012013164500_ohisПред неколку дена осамна веста дека ОХИС оди во стечај затоа што не се може повеќе и понатаму. Агонијата на овој хемиски конгломерат заврши или е пред свршен чин. Судбини на луѓе, изгубено стручно знаење. Одамна требаше да се мисли на тоа. Како да се консолидира гигантот и да како да остане столб на македонската економија во новото пазарно време. Како да остане конкурентен и да биде брана на увозот за хемиски продукти со сомнителен квалитет. За да не се шири увозната дупка која станува се поголема, нормално за продукти кои порано ги произведуваше ОХИС. Гигантот од Кисела Вода, Скопје започна со работа во 1962 година, а градбата на неговите фабрики во првата фаза траеше уште четири години. Од тогаш во крајот на минатиот век ОХИС постојано растеше, според некои мегаломански и предимензионирано што и било пресудно за неговиот крај. Во 2000 година ОХИС беше гигант во криза. ohisИмаше пет фабрики и тоа: Малон за производство и преработка на полиакрилно влакно, топл, боено влакно, штапел и трака. Фабрика за пластични маси што правела ПВЦ цевки, профили, гранулати, вештачки кожи, фолии, мешавини. Потоа фабриката „Билјана“ препознатлива по детегентот со кој пораснаа многу македонски генерации и други детергенти кои го переа цел Балкан. Фабриката што правеше и инсектициди и фунгициди, технички масла и базни хемикалии.Фабриката ПВА за емулзии, премази, бои, лакови и лепила. И фабрикаат ФОМ за процесна опрема, заварувања, гума пластика, полиестер, електромонтажа дури и градежништво. И сега осумтте „ќерки“ на ОХИС: Филком, Трансфер, Фарм, ИЦН Аптеки, МЕТРА, ГЕС, ИЦН Македонија и Преспапласт од Ресен. Сите тие заедно во 2,59 милијарди денари (над 42 милиони евра) приходи во 2000 година, но и загуба од 530 милиони денари (околу 9 милиони евра). Тоа е периодот кога ОХИС и покрај тоа што губеше позиции сепак беше силна македонска фирма која 40 отсто од својот приход од остварува од извоз. Многумина мислат дека клучна грешка е тоа што навреме додека компанијата имаше кондиција за производство и држеше пазари не најдоа стратешки партнер од таа индустрија што ќе биде чадор за реструктуирање на ОХИС. По неколку пропуштени прилики или неуспешни преговори, се изгуби интересот и по тоа веќе и немаше прилики за извлекување на гигантот од кризата што постојано се продлабочуваше. protest ohis3Одреден период владите од различни политички провиниенции го толерираа ОХИС заради обезбедување на социјален мир и заради неговото бизнис опкружување во кое егзистираа помали домашни фирми. На крај ОХИС заврши како компанија што имаше поголем износ на оперативна загуба од неговиот вкупен приход од оперативни активности што секако е своевиден парадокс. Затоа што фирма што има приход од 47,7 милиони денари продуцира годишна загуба од 62,4 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата на крајот на 2015 година беше – 428 денари што значи дека всушност со неговиот стечај се затвори големата вреќа во која е долгот на поранешниот хемиски гигант. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа