04 Мај, 2024
0.0281

Оливер заминува во Германија и има порака до власта: Си одам со солзи во очи од оваа земја!

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Оливер Магдиќ од Славонија, кој заминува да бара работа во Германија, одлучил на хрватската влада на Фејсбук да и објасни што го натерало на тоа. Во своја објава напишал дека заминува бидејќи во неговата струка нема работа, а додал и дека претходно работел надвор од Хрватска и ги споредил платите.

И порачал на владата дека треба да се срами бидејќи ја избркала половина Славонија.

Еве ја неговата порака.

„Еве имам и јас нешто да кажам. 

Прво да кажам кој сум и што сум. Имам 22 години, од Славонија. По професија сум земјоделски техничар кој работи како заварувач.

Зошто работам како заварувач? Бидејќи во моката струка нема работа, бидејќи вие поставивте минималец од 2 400 куни кои робосопствениците со задоволство ги користат и поради што младиот работник нема никаква иднина.

Работев во Луксембург, тамо работата која ја работам ја плаќаат и до 6 000 евра. Јас во оваа хрватска фирма добивам 2000 евра, а за истата работа во хрватска нудат 4000 куни, секако со пријава на минималец.

Каква ќе ни биде пензијата? Ако со оваа работа воопшто може да се доживее пензија. Во мојата фирма позициите се заработуваат ако сте во добра роднинска врска со оние од врвот, тогаш ќе бидете главен шеф или шеф на градилиште и потоа таквите мислат дека го „фатиле бог за јајца“. Соберат екипа од своите најблиски и со нив фино, а со останатите како да се добиток.

Еве што ме поттикна ова да го напишам, утре одам во Германија, додека родиделите и девојката ме следеа до станица три пат заплакав гледајќи околу себе и замислувајќи дека тоа го гледам сега и следните три месеци нема да го видам семејството, девојката, својата Славонија.

Знам дека ова што го пишувам на никој ништо не му значи, но го пишувам со солзи во очи бидејќи ми е жал што морам да одам од се што е мое...

Зборувате за некое намалување на невработеноста, па луѓето се смеат на тие ваши изјави. Нормално е дека невработеноста се намалила кога ја избркавте половина Славонија. Вработени се, но не во Хрватска. Треба да ви биде срам“, заклучил Оливер.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот