18 Мај, 2024
0.0257

Олигарсите не го слушаат Путин!

Објавено во: Колумни 20 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин, како да го надополнува пропуштеното во деновите кога „исчезна“ од јавноста. Покрај редовните средби и други работи што ги има секојдневно, вчера се појави пред индустријалците и претприемачите на Конгресот на нивниот сојуз. Се појави да ги потсети на неговиот предлог до нив, даден пред повеќе  од една година. Во декември 2014 година Путин  им предложи на бизнисмените амнестија на капиталот кој би се вратил во земјата. „Ако човек ги легализира своите средства во Русија и имотот, тој ќе добие цврсти гаранции дека нема да го влечкаат по разни органи, нема да го прашат за изворите и за начините за стекнување на капиталот“, изјави тогаш Путин и нагласи дека „Русија треба да ја сврти, да ја затвори офшорната страница во својата историја“. Очигледно работите на овој план не одат како што тогаш посакуваше Путин. Па тој мораше одново да го повтори предлогот. Засега најбогатите  кои се наоѓаат на листата на Форбс и  други ѕверки на бизнисот кои се стекнаа со милијарди долари богатство - молчат. Рускиот претседател, овој пат, го предупреди бизнисот дека властите имаат инфрмации за можни пречки при враќањето на капиталот во Русија. „Ситуацијата е следна: Доаѓа, би рекол, малку тревожна информација од редица земји, која ни остава впечаток дека можат да бидат преземени обиди за спречување на враќањето на капиталот во Русија“, им рече вчера претседателот на бизнисмените. Појасни дека тоа може да е поврзано со ограничување на користењето на тој капитал, кој што се наоѓа во меѓународна јурисдикција. „Имајте го тоа предвид“ препорача Путин. Исто така тој додал дека механизмите на враќање на капиталот треба да одговараат на сите меѓународно-прави барања и да не предизвикуваат сомнежи за перење пари. Ова последново од причина што во јавноста веќе се појави информација дека  целосната амнестија на капиталот противречи на правилата на Организацијата за борба со незаконско легализирање на средства, кои што се насочени против перењето пари. Во далечните 2000-ти, некое време по доаѓањето на власт Владимир Путин, барем според гласините што се ширеа во јавноста, од тогашните олигарси побара да не се мешаат во политиката и да инвестираат од своите пари во земјата, а не да ги префрлаат надвор. Русите имаат еден израз „по љубовному“, демек да поделиме, така и ти и јас да бидеме задоволни. Тој добро знаеше дека сите тие до последен, парите ги заработија во процесот на приватизацијата со помош на матни игри и дилови со власта  на Борис Елцина, а и неговата „фамилија“. Практично тој од нив побара да вратат дел од незаконски стекнатото богатство. Некои го послушаа и останаа во Русија, на пример, Михаил Ходорковски, Пјотр Авен и Михаил Фридман, а избегаа Борис Березовски, наводното протеже на Путин, и Владимир Гусински. Судбините на Березовски и Ходорковски се добро познати. Првиот се обеси во Лондон, а вториот окапа во затвор, заради покажаните политички амбиции, а можеби и заради богатството, нафтената компанија „ЈУКОС“. Овој пат Путин не повикува на делење „по љубовному“. Туку отворено, да не речеме моли, капиталот да се врати  во Русија. Очигледно парите и се се повеќе потребни на Русија. Придобивките од економската криза во Европа заврши.  Економските санкции и војната во Украина го прават своето. Не помалкукон сето ова придонесуваат  и ниските цени на нафтата и паѓачките на гасот. Рубљата загуби 40 проценти од својата вредност само во 2014 година. Дали не станува збор за непослушност на олигарсите кон Путин? Тој како да очекува патриотскиот порив кај богатите бизнисмени да проработи, а тие му возвраќаат со молчење и си тераат по свое. Очигледно тие се во исчекување, иако и за такво нешто немаат голем повод, бидејќи се погласни се барањата Запад да удри и по капиталот на руските бизнисмени кои се надвор од Русија. Да воведе санкции и кон нив.  Како што е на пример Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, на пример, и редица други. Списокот на кандидатите за санкции, опозициониот лидер Алексаеј Наваљни, веќе го прати на Запад. Се чини дека амнестијата на капиталот нема многу да и помогне на Русија, на нејзината економија во услови на постојано влошување на инвестициската клима, иако од западни финансиски компании се слушаат гласови дека сега е време за вложување во Русија и купување на нејзини облигации, бидејќи имаат ниски цени, а можат да станат доходовни. Сепак, во амнестијата на капиталот, барем засега, тешко кој верува. Не само поради влошената инвестициска клима, туку и традиционалната недоверба кон властите, посебно кон гаранциите кои им се нудат на бизнисманите за нивниот капитал. Од едноставна причина што во практика она што е на хартија, не значи дека така ќе се спроведе. Така барем покажува досегашното искуство. Не дај боже власта да те земе на нишан. А, ако ги отвориш картите за стекнатиот капитал, како што се бара за тој да се амнестира, не се знае што се ќе се случи  потоа. Оттука и двоумењето, би рекле, и стравот на бизнисмените да одговорат на понудата на Владимир Путин. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе