03 Мај, 2024
0.0860

Олеснувања во постапката за пререгистрација на лицата со ниски примања

Објавено во: Економија 25 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Фондот за здравствено осигурување, од оваа година се со цел да ја олесни постапката на правото за добивање здравствено осигурувањепо службена должност ќе врши пререгистрација во задолжително здравствено осигурување на лицата со ниски примања.

Имено, невработените лица кои имаат континуитет во здравственото осигурување, односно во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот, од 1-ви април 2015 година нема потреба да доаѓаат и да носат документи на шалтерите во подрачните служби за нова пререгистрација. Ним автоматски ќе им биде продолжено осигурувањето и ќе имаат континуирано здравствено осигурување заклучно со 31.03.2016 година.

Регистрацијата ќе биде задолжителна само за оние невработени лица кои за прв пат се пријавуваат за здравствено осигурување.

Фондот, врз основа на електронски добиените податоци од УЈП, според остварените нето приходи како семејство определува во која категорија припаѓа осигуреното лице. Потенцираме дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравствено осигурување (брачен другар, деца).

Лимитите за здравствено осигурување согласно нето приходот остварен во 2014 година изнесуваат: - До 105.600,00 денари – здравственото осигурување го покрива државата, - Од 105.600,00 денари до 189.864,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 17.600,00 денари– здравственото осигурување го покрива државата, - Од 105.600,00 до 189.864,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 50% на просечна плата т.е. 1155,00 денари месечно. - Над 189.864,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 100% на просечна плата, т.е. 2310,00 денари месечно.

По извршената проверка на податоците, доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не го пријавило тоа и користело здравствени услуги, Фондот, по службена должност, ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице.

Ако невработениот даде податоци за остварени нето приходи кои не се во согласност со податоците добиени од Управата за јавни приходи , му престанува својството на осигурено лице со што му се укинуваат правата од задолжително здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. Решенијата сите осигуреници ќе ги добијат по писмен пат преку пошта.

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години