Оланд:Шведска станува дел од еврозоната до 2013-та
Објавено во: Свет, Финансии
02 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
На воспоставувањето на европска банкарска унија треба да и претходи носење на многу прецизни правила, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со премиерот на Шведска, Фредерик Реинфелдт. Инаку во Шведска постои силен скептицизам и отпор кон ваквата банкарска унија.
„Шведскиот претседател бара гаранции и не сака нашите земји да бидат вовлечени во спасување на банките“, изјави Оланд.
„Процесот на воспоставување на банкарската унија, сепак мора да почне од земјите кои се во еврозоната. Ние имаме посебна одговорност бидејќи користиме иста монета и ист регион“, додаде францускиот претседател по средбата со шведскиот премиер.
Шведска не е дел од еврозоната, па Оланд се надева дека на почеток ќе биде малку дистанцирана од целата замисла за банкарската унија, но подоцна без проблем ќе и се приклучи.
„За тоа разговаравме со шведскиот премиер, а процесот може да започне на следното Европско собрание и да се потврди до крајот на оваа година“.