02 Мај, 2024
0.0407

Океанот од една, Андите од друга страна – футуристички хотел во Перу

Објавено во: Стил 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Перу ќе и конкурира на Кина со својата футуристичка архитектура преку проектот наречен „ Неурамнотежен хотел", кој личи на рамка на слика поставена на работ на карпа, соопштува Daily Mail. Поставен врз карпета структура, дизајниран е од мадридската архитектонска компанија OOIIO и ќе изгледа како рамка. Хотелот е навален, бидејќи ќе биде изграден на крајбрежна карпа крај главниот град Лима. Формата дозволува низ него да се гледа океанот, ако биде погледнат од едната страна, а од другата да се гледаат Андите. Градителите се надеваат дека наскоро ќе добијат дозвола, па футиристичкиот хотел ќе стане новото обележје на Перу. Според проектот, хотелот ќе располага со 125 соби за гости, како и ресторани и конференциски сали за корпоративни настани.