14 Декември, 2025
0.3128

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

Објавено во: Македонија 13 Март, 2025 15:44

Добивај вести на Viber

Од ОЈО се јавија со реакција и тврдат дека не е точно дека имаат притисоци за одредени предмети. 

Во соопштението велат дека јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. 

„Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од кој било друг не била загрозена нивната самостојност и одговорност при извршување на нивната функција. Воедно, би сакале да напоменеме дека принципот на хиерархија и субординација, на кои се темели функционирањето на јавното обвинителство, не задира во независноста при одлучувањето на јавните обвинители кои мериторноста на своите одлуки ја црпат од прибраниот доказен материјал, па така секоја непроверена теза и сензација која ја подрива довербата во обвинителството директно го крши Уставот на РСМ“, додаваат од ОЈО. 

Велат дека јавноста треба да знае дека во согласност со Уставот на РСМ и во согласност со законите, никој не може да влијае врз законитото, непристрасното и објективното вршење на функцијата на обвинителството. 

„Од тие причини не смее да се дозволи одлуките на обвинителството да се користат за дневно-политичко поентирање, особено ако се има предвид дека секоја донесена одлука влијае на нечија човечка судбина“, велат од ОЈО. 

За апсењата деновиве за штетниот мазут, премиерот Христијан  Мицкоски вели дека е шокиран од соработката со обвинителот, без да каже дали тоа е Ислам Абази, кој е на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Обвинителството за организиран криминал и корупција вчера објави дека судот одобрил куќен притвор за газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, додека за останатите осомничени бизнисмени Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски ефективен притвор, затоа што првиот наводно приложил документација дека е болен. Воедно, тој е татко на четири деца. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина