03 Мај, 2024
0.0259

Охридска банка Сосиете Женерал со донација за децата со Даунов синдром од мечувалскиот клуб „Ескрим“

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во рамките на својата годишна програма „Време за општествена одговорност 2016“ Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за мечувалскиот клуб „Ескрим“, поточно за групата мали мечувалци со Даунов синдром која веќе неколку години успешно функционира во рамките на клубот. Донацијата во висина од 100.000 денари има за цел да обезбеди подобри услови за тренирање, потребна опрема и квалификуван персонал, но и да ја подигне јавната свест за лицата со Даунов синдром, за нивните потреби и важноста од нивна социјална инклузија.

Донацијата на Охридска банка Сосиете Женерал произлезе од учеството на триесет и четворицата вработени во Банката на годинашниов Скопски маратон, кои трката на 5 км им ја посветија на децата со Даунов синдром кои тренираат во мечувалскиот клуб „Ескрим“.

IMG_4345

„Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни работни обврски. Со нивниот волонтерски и тимски дух истрчаа трка за хуманост, посветена на децата со Даунов синдром од мечувалскиот клуб ’Ескрим‘, кои своето слободно време го минуваат во тренирање на овој специфичен спорт. Уверени сме дека оваа донација ќе придонесе кон подобрување на условите за тренинг и кон подигање на свеста за потребите на овие деца“ - изјави Елена Глигоровска, раководител на Дирекцијата за развој на производи, маркетинг и комуникации.

„Охридска банка Сосиете Женерал е општествено одговорна компанија која покажа големина не заборавајќи на оваа социјална структура на која ѝ е потребна поддршка и помош. Би сакале да истакнеме дека Охридска банка Сосиете Женерал треба да биде  пример кој ќе го следат и другите компании во земјава,  бидејќи секоја помош за децата со Даунов синдром е добредојдена, а особено ако таа им обезбеди моменти на среќа и услови како на вистински спортисти“– изјави Билјана Кузмановска-Николовска, претседателка на мечувалскиот клуб „Ескрим“.

Програмата „Време за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал е дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности.

Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија