19 Мај, 2024
0.0363

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и на Кеш кредитот „Лесен кеш кредит“

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува дополнителни поволности на своите клиенти при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

Промотивно, до 30 април, 2019г., станбениот кредит „3+2“е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. Па така, за станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 30 години, со вклучено кредитно животно осигурување, во првите две години каматната стапка изнесува 3,55%, а ратата би изнесувала 143 еур. Од третата до петтата година со фиксна каматна стапка од 4,55% ратата од кредитот би била повторно фиксна и би изнесувала 159 еур, додека пак од шестата година, до крајот на периодот на отплата, ратата би изнесувала 176 еур. 

За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.


Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административнте трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување, а каматната стапка е фиксна за целиот период на траење на кредитот. Оваа понуда се однесува за сите апликации поднесени до 30 април, 2019г. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 6,10%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.233 денари со вклучено кредитно животно осигурување, додека од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.736 денари, повторно со вклучено кредитно животно осигурување.

За предвремена отплата нема провизија.

Охридска банка Сосиете Женерал со постојана посветеност и атрактивни пазарни понуди им овозможува напредно искуство на своите клиенти, како и квалитетни финансиски услуги кои совршено одговараат на нивните специфични потреби.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050. 

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда