14 Мај, 2024
0.0273

Охридска банка Сосиете Женерал воведе „3D Secure“ технологија

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал изврши имплементација на меѓународниот сигурносен стандард „3D SECURE“ за безбедни интернет-плаќања на сите картички од своето портфолио.

Сите издадени дебитни и кредитни Visa и MasterCard картички до 24.11.2017 година ќе го добијат бесплатно и автоматски највисокиот меѓународен сигурносен стандард за заштита ‒ „ЗD Secure“, додека сите нови издадени картички ќе го имаат вградено.

Оваа услуга претставува дополнителна сигурност во процесот на интернет-купување (електронска трговија), правејќи го интернет-купувањето посигурно на сите локални и меѓународни веб-страници, а плаќањето со картичките на Банката – заштитено. 

„3D Secure“ нуди заштита и безбедност при онлајн-купувањето преку користење на еднократна лозинка (OTP – One Time Password) за потврда на идентитетот на купувачот.

Кога се прават плаќања на продажните места на интернет на кои е истакната ознаката Verified by Visa и/или MasterCard Secure Code, клиентите мора да го потврдат интернет-плаќањето со еднократната лозинка што ќе ја добијат како СМС-порака на мобилниот телефон. Предноста на оваа технологија е потврдата на идентитетот на клиентот, со што се избегнува ризикот од кражба  и злоупотреба на податоците од картичката. 

Во време на глобализација, зголемување на обемот на интернет-трансакции и на зачестени случаи во светот на различни видови измами и злоупотреби на податоците од картичките, неопходно е да ги заштитиме своите клиенти и да им овозможиме безбедно користење на картичките на Охридска банка Сосиете Женерал при онлајн-плаќањата. Наша обврска е континуирано да создаваме најдобра услуга, креирајќи банка на иднината. Поседувањето на меѓународните сертификати „Verified by Visa“ и „Mastercard SecureCode“ и воведувањето на технологијата „3D Secure“ во сите картички од нашето портфолио е потврда за нашата посветеност, професионализмот и посебниот однос кон нашите клиенти“, изјави Елена Глигоровска, раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации на Охридска банка Сосиете Женерал.

Сите VISA и MasterCard картички издадени од Охридска банка Сосиете Женерал се автоматски регистрирани за услугата „3D Secure“, така што не е потребна никаква дополнителна регистрација. 

Услугата „3D Secure“ е бесплатна за сите клиенти на Банката и е достапна на три јазици: македонски, англиски и албански. 

Дополнително на тоа,Охридска банка Сосиете Женерал во своето портфолио на своите клиенти им го овозможува и најсовремениот начин на плаќање во светот – бесконтактниот, со картичките MasterCard Debit. Покрај едноставното користење, со овие картички плаќањето е брзо, лесно и сигурно. Бесконтактните MasterCard Debit картички ги имаат истите функционалности како и стандардните картички, со една дополнителна можност ‒ плаќање само со приближување на картичката на ПОСтерминалот, без внесување ПИН-код. 

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти