19 Мај, 2024
0.0254

Охридска банка ја зголеми добивката за 28,5%

Објавено во: Финансии 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Добивката на Охридска банка во првите три месеци од годината изнесува 115, 1 милиони денари или близу 1,9 милиони и во однос на лани истиот период, кога добивката изнесувала 1,4 милиони евра е зголемена за 28,5%. Охридска банка во првите три месеци има вкупни приходи од камата во износ од 365 милиони денари, што е исто колку и минатата година во истотот тромесечје. Но, со оглед дека банката за усепала за близу 40 милиони денари да ги намали расходите за камата, во првите три месеци од годината забележала нето-приходи од камата во износ од 266,9 милиони денари, што е зголемување во однос на лани истиот период кога нето-приходите од камата изнесувале 227,4 милиони денари. Прв квартал 2016         Прв квартал 2015
  • Приходи од камата                365,9                                365,9
  • Расходи за камата                            - 98,9                    -138,5
  • Нето –приходи од камата      266,9                      227,4
Практично, нето-приходите од камати се зголемени за 17,4%,  а од Охридска банка објаснуваат дека позначаен придонес во тоа има намалувањето на каматните расходи додека придонесот на вкупните каматните приходи е на исто нивo. „На остварените приходи од камати, позитивен придонес имаше порастот на клиентските пласмани, додека пласманите во хартии од вредност поради променетиот начин на аукцирање од страна на НБРМ влијаеше да се оствари пониско ниво на камати од овие пласмани. Каматните трошоци бележат намалување за 39.6 милиони денари, или 28,5% како резултат од намалените каматни трошоци на депозитите на клиентите, намалените трошоци по основ на субординираниот долг, и намалените трошоците по основ на камати за финансирање од меѓународни финансиски институции, се вели во објаснувањето на банката. Во првите три месеци од годината Охридска банка има нето -приходи од провизии и надоместоци во  износ од 64,5 милиони денари и има благ раст во однос на лани кога изнесувале 59,1 милиони денари. Прв квартал 2016         Прв квартал 2015
  • Нето-приходи од провизии                      64,5                      59,1
Во првиот квартал од годината исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесуваат 64.5 милиони денари, и езголемено во однос на лани кога изнесувало 44.2 милиони денари. „Во првиот квартал се алоцирани 1.4 милиони денари за исправка на вредноста на нефинансиските средства, 772 илјади денари резервации за оперативен ризик и 265 илјади денари ослободување резервации од оперативен ризик“, се вели во објансувањето на банката.  

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат