13 Мај, 2024
0.0233

Охридска банка доби 13 милиони евра за кредитирање на МСП

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со цел да им излезе во пресрет на барањата на малите бизниси, ЕБОР обезбеди кредитни линии за Охридска Банка во износ од 13 милиони евра.

Како што информираат од Банката, станува збор за две програми. Едната е од 10 милиони евра и е наменета за финансирање на капитални инвестиции, обртен капитал и за извозно и пред-извозно финансирање на македонските мали и средни претпријатија. Втората програма од 3 милиони евра ќе претставува продолжување на тековната линија од Програмата за поддршка на приватниот сектор во износ од 5 милиони евра, што Охридска Банка успешно ја користи во изминатите 2 години. Овие средства ќе се користат за поддршка на развојот на македонските бизниси, преку инвестиции за подобрување на еколошките, здравствените и безбедносните стандарди и квалитетот на производите во согласност со барањата на ЕУ.

- Малите и средните претпријатија во Македонија и понатаму имаат потреба за кредити. ЕБОР одобрува две одделни програми за финансирање за да и помогне на Охридска банка, како амбициозна банка ориентирана кон малите и средните претпријатија, да обезбеди повеќе средства за своите клиенти, стои во соопштението од Банката во кое се додава дека овој двоен пакет за финансирање ќе и овозможи на Охридска банка да им излезе во пресрет на барањата на сегашните и идните клиенти.

- Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата, е посветена да им обезбеди поддршка на своите клиенти - малите и средните претпријатија, за да им помогне да растат и да бидат конкурентни во новиот свет кој ќе дојде по надминувањето на кризата. Во последно време, голем број клиенти ни пристапија со нови инвестициски проекти базирани на цврсти финансиски основи. Овие компании ја заслужуваат нашата поддршка. За да им помогне да ги остварат своите амбиции, Охридска банка договори ново конкурентно финансирање со ЕБОР, со која ја делиме трајната посветеност кон иднината на македонскиот бизнис, истакна Филип Котора, член на Управен одбор на Охридска банка.

Според Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија, Охридска банка е најактивната партнер банка на ЕБОР во Македонија. - Досега заедно веќе одобривме 15 милиони евра заеми на локалните претпријатија, овие нови трансакции ќе обезбедат дополнително финансирање за МСП, особено во сегментот до 1 милион евра, рече Урумовска.

Охридска банка АД Охрид е постоечки клиент на ЕБОР кој претходно има реализирано три проекти со Банката.

Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР има инвестирано повеќе од 1,1 милијарда евра во земјата, во повеќе од 80 проекти.

Програма за Поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан е рамка наменета за поддршка на бизнисите во регионот со цел исполнување на стандардите на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“