16 Мај, 2024
0.0297

Огромен интерес за парче мебел: Отворен саемот Мебел 2016 во рекордни 11 хали

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Најпознатиот меѓународен саем МЕБЕЛ 2016 официјално од денеска е отворен, а на официјалното отворање освен претставниците на медиумите, присуствуваа и голем број на граѓани кои не издржаа да почекаат и веднаш тргнаа да го одберат своето омилено парче мебел.

IMG_2365

Имено, од денес до 27-ми март на Скопски саем се одржува  42-от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел кој што е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко. На овогодинешниот МЕБЕЛ 2016, гражаните можат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 11.000 изложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат во рекордни 11 саемски хали.

IMG_2410

„Межународниот МЕБЕЛ оваа година обединува рекордни 11 хали во кои има 180 директни домашни и странски изложувачи и 400 индиректни изложувачи кои на граѓаните ќе им понудат повеќе од 11.000 изложени парчиња мебел. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко која во минатата година беше посетена од повеќе од 50.000 посетители кои и оваа година со нетрпение го очекуваа саемот поради своите оригинални декорирани изложбени простори во кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Саемот е отворен од денеска до 27-ми март од 10:00 до 20:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“