ОГЛАС ЗА КОЈ ЗБОРУВААТ ВО СРБИЈА: Ќе се зачудите што продаваат
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2017
Во Србија дел од граѓаните одлучиле да заработат со тоа што ќе ги продадат фискалните сметки кои ги собрале за наградна игра.
Еден граѓанин на оглас понудил 200 фискални сметки.
„Продавам 200 фискални сметки погодни за актуелната наградна игра. Сите се од овој месец и над 100 динари. Среќно на оваа лицитација и среќно на оваа наградна игра“ - напишал човекот.
До вчера до 14 часот имало 36 понуди, од кои највисоката сума била 365 динари.
На друга лицитација пет понудувачи ја кренале цената до 40 динари.