27 Јули, 2024
0.0393

ОФИЦИЈАЛНО: ТОНИ СТОЈАНОВСКИ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА НЛБ БАНКА - еден од најголемите банкарски трансфери во последниве години

Објавено во: Финансии 10 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Тони Стојановски е нов прв човек на НЛБ Банка Скопје. За оваа битна промена банката ја извести јавноста преку соопштение, и со тоа ги потврди информациите на Фактор.

Стојановски е именуван од Надзорниот одбор на банката за нов претседател на Управниот одбор, позиција која ќе ја преземе по добивањето на согласноста од НБМ.

„Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје на денешната седница го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор. Тони Стојановски ќе ја преземе функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје по добиена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија. Во меѓувреме ќе ја преземе функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. До добивање согласност од Народната банка за нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, функцијата ќе ја извршува актуелниот Претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ.

Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде до неодамна, 15 години беше член на Управниот одбор на Банката. Од 2020 година, Стојановски е Генерален директор за корпоративно банкарство, а во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, тој беше и генерален директор за управување со ризици. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високи раководни функции во Народната банка на Република Северна Македонија, вклучително и функцијата Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.

Тони Стојановски е банкарски професионалец со повеќедецениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации: Претседател на Управниот одбор на Македонска берза АД Скопје, Заменик претседател на Македонската банкарска асоцијација и Претседател на Надзорниот одбор на Стопанска Лизинг Скопје“, се вели во соопштението.

Тој е магистер на економски науки од областа на монетарната економија, сопруг и татко на две деца.

„Почестен сум од довербата да бидам именуван за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Ја прифаќам оваа улога со благодарност и уште поголема одговорност. Посветеноста на тимот на Банката кон напорна работа и колективната посветеност за постигнување врвни резултати, доволно зборува за потенцијалот што оваа Банка го има за да ги постигне своите цели и да ја исполни својата мисија“.- истакнува Стојановски по денешната седница на Надзорниот одбор.

Бранко Грегановиќ ја извршува функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од јануари 2022 година. Под раководство на Грегановиќ, НЛБ Банка Скопје постигнува одлични деловни резултати, а истовремено реализирани се и бројни општествено одговорни проекти со значајно влијание во заедницата.

По именувањето на новиот Претседател на УО на Банката, Бранко Грегановиќ  истакнува: „Промените се дел од процесот на развој и составен дел од растот на Банката. Драго ми е што можам да кажам дека НЛБ Банка Скопје е добро подготвена да се соочи со идните предизвици. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на Тони за именувањето и да му посакам многу деловни успеси и лично задоволство во новата улога“, изјавил Грегановиќ. 

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија