02 Мај, 2024
0.0253

Одлуката што ги скапа македонските производи: Има ли решение за проблемот со косовските царини

Објавено во: Економија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Не секој ден, туку со секој изминат час се зголемува штетата која косовските царини ја прават на домашното производство. Извозот е минимизиран, производите стојат во магацините или завршуваат на пазарите по багателни цени. Според податоците од Царинската управа за викендот извезен е само еден камион, а во понеделникот кон Косово поминале вкупно 4 камиони со околу 60 тони земјоделски производи.  Пред зголемувањето на царините на одредени овошки и зелечнук се извезувале по четири шлепери дневно.

„Ако не се реши проблемот што поскоро, ние ќе претрпиме огромни штети. Најмногу на удар се доматите, пиперките и сливите. На кванташки ги дадовме производите по бадијала цена, 4 денари за килограм краставица, 6 денари за доматот, еден денар за лубеницата“, изреволтирано вели Стевче К.

Решение да се најде побараа и стопанските комори. Од Стопанската комора  велат дека ЦЕФТА треба што поскоро да го реши проблемот, без да се одолговлекува.

„Се работи за лесно расиплива роба и секој ден одлагање значи голема штета на извозниците на земјоделски производи кои имаат веќе склучени договори  со своите партнери“, информираа од Стопанската Комора на Македонија.

Владата да најде решение а не да чека е пораката и од Северозападната комора на Македонија.

Конкретно решение засега никој не понуди. Надлежните не планираат барем засега да воведат контра мерки, туку ќе почекаат од Косово да ја повлече одлуката а Министерството за земјоделство соопшти дека преговорите со Косово се во тек.

„Владата прави се за да не дојде во ситуација да воведуваме контра – мерки како одговор на постапката на Косово. Очекуваме, Владата на Косово да ја повлече донесената мерка со што ќе го надминеме спорот“, соопштија од МЗШВ.

Ресорните министерства на земјите од регионот кои покрај Македонија се најдоа на мета на косовски царини ќе го кажат ставот во среда, додека во петок на средби во Косово ќе одат министрите Бектеши и Николовски.

Македонија од Косово не увезува земјоделски производи, а кон Косово во првите шест месеци од 2018та земјава има извезено производи во сума од 2,5 милијарди денари.


Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање