14 Мај, 2024
0.0296

ОДЛУЧУВААТ ЗА СУДБИНАТА НА ЕУ: Франција гласа за претседател-кои се кандидатите?

Објавено во: Свет 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Денес Франција избира претседател. 

Изборите за претседател се одржуваат во два круга. Првиот од нив ќе се одржи в недела, 23 април. Двајцата кандидати кои ќе освојат најголем број гласови, ќе излезат еден против друг во вториот круг од изборите, кој ќе се одржи на 7 мај. Победникот од нив ќе стане претседател на Франција. Во првиот круг ќе се натпреваруваат 11 кандидати.

 Еве кои се петмината најпопуларни кандидати.


Марин Ле Пен, „Национален фронт“ 

Претседателот на екстремно десничарскиот „Национален фронт“  Марин Ле Пен води во анкетите на јавното мислење. Таа може да смета на поддршката на околу една четвртина од француските гласачи. Тоа значи дека речиси сигурно таа ќе оди во втор круг. Ле Пен е најмладата ќерка на Жан-Мари Ле Пен, основач на партијата. Таа има 48 години, по професија е адвокат, има два разводи зад себе и е мајка на три деца. Го предводи „Национален фронт“  од 2011 година и најави курс на дистинкција од расистичките и антисемитски ставови на нејзиниот татко. И навистина - таа успеа да привлече нови следбеници на партијата која во јадрото останаа крајнодесничарски. Ле Пен ја отфрла идејата за мултикултурното општество и се противи на она што сама го дефинира како „исламизација на Европа“. Францускиот политичар предлага скратување на социјалната помош за странците во земјата и бара итна екстрадиција на оние кои го прекршиле законот. Го поддржува враќањето на смртната казна. Во економијата ги согледува побрзо ставовите на левите, ветувајќи дека ќе ја зголеми помошта за Французите и ќе ја зајакне улогата на државата. Планира воведување на протекционизмот на принципот „Франција на прво место“. Покрај тоа, Марин Ле Пен, предлага Франција да се откаже од заедничката европска валута, да го врати франкот, да го прекине дејството на Шенгенскиот договор, а во иднина - одржување референдум за членството на земјата во Европската унија. Според некои аналитичари победа на Ле Пен во претседателските избори ќе доведе до крах на Заедницата. Лидерот на „Национален фронт“ го симпатизира отворено рускиот претседател Владимир Путин и одржа средба со него во пресрет на гласањето во Франција. Претходно таа доби кредит од руска банка во вредност од неколку милиони евра. 

Емануел Макрон, „Напред!“

Главниот ривал на Марин Ле Пен, судејќи според анкетите е поранешниот банкар и дипломец на елитните универзитети Емануел Макрон. Тој заостанува со 1-2% по популарност зад лидерот на „Национален фронт“. Анкетите сепак му предвестуваат убедлива победа против неа на вториот круг од претседателските избори. Макрон влегува во големата политика како советник на шефот на државата Франсоа Оланд. Подоцна е назначен за министер за економија. Во почетокот на 2016 година тој ја напушти владата и Социјалистичката партија, врз основа на свое движење - "Напред!". Во редовите на социјалистите многумина го сметаат 39-годишниот Макрон за предавник. Сепак тој ја ужива поддршката на некои од најголемите имиња во партијата, меѓу кои е тоа на поранешниот претседателски кандидат Сеголен Роајал. Макрон го брани зачувувањето на Европската унија, понатамошната негова интеграција и зајакнување на германско-францускиот тандем. Младиот политичар е оженет за поранешна учителка по француски јазик, која е 24 години постара од него. Двојката нема деца. 

Франсоа Фијон, „Републиканци“

Кандидатот на најголемата опозициска партија „Републиканци“ Франсоа Фијон беше посочуван како фаворит во трката само до пред неколку месеци. Поранешниот премиер при управувањето на претседателот Никола Саркози, Фијон е најискусниот политичар од сите кандидати. Но неговата популарност се распадна остро по скандалот за фиктивни позиции на неговата сопруга и деца. И покрај повиците да се повлече од трката за функцијата во Елисејската палата, Фијон остана и дури успеа да јаповрати довербата на дел од француските гласачи. Но неговите шанси за излез на втор круг се минимални. Фијон е католик, татко на пет деца, се придржува кон конзервативните ставови и ветува дека ќе го врати семејството во „центарот на политиката“. Тој се однесува скептично кон решавањето на истополовите бракови и инсистира за зајакнување на контролата на државата над муслиманската заедница во земјата. Во својата програма Фијон се залага за големи економски реформи, вклучувајќи намалување на трошоците и бројот на државните службеници. Во надворешната политика поранешниот премиер инсистира на укинување на санкциите против Русија.“

Жан-Лук Меланшон, „Непокорена Франција“

Во пресрет на претседателските избори изненадувачки за многумина набљудувачи почна да добива на популарност Жан-Лук Меланшон, 65-годишниот лидер на создаденото во движење „Непокорена Франција“ во 2016. Зад него стојат и француските комунисти. Според некои од анкетите Меланшон ја имал поддршката на 18% од гласачите и ќе го заземе третото место во првиот круг. Левиот политичар инсистира за радикални промени во политичкиот систем и е противник на влијанието на Германија и канцеларката Ангела Меркел во Европа. Во својата програма Меланшон нуди откажување од политиката на штедење во земјите од Европската унија, заканувајќи се со напуштање на Франција, ако таа биде сочувана. Меланшон е и топол приврзаник на излегувањето на земјата од структурите на НАТО. 

Беноа Амон, Социјалистичка партија 

Од партијата на актуелниот шеф на државата на изборите учествува 49-годишниот Беноа Амон. Неговата појава во листата со кандидати за претседателската функција беше неочекувана. На првичните избори Амон гопобеди премиерот Мануел Валцер, кој беше сметан за партиски фаворит. Претставник е на левото крило на Социјалистичката партија.

Беноа Амон е меѓу кругот од социјалисти, кои го критикуваат Франсоа Оланд за премногу „пријателскиот“ курс во однос на бизнисот. Под притисок на Оланд и Валцер во 2014 година Амон поднесе оставка како министер за образование, по пет месеци служба на овој запис. Има левичарска економска програма. Инсистира на воведување на основен приход во износ од 750 евра месечно на човек. Ветува зголемување на минималната плата, легализација на марихуаната и создавање на 37 илјади нови работни места. Експертите сепак не му предвидуваат големи шанси за победа.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи