18 Мај, 2024
0.0410

Одложена продажбата на зградата на претпријатието „Проаква“

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Локалната власт во Струга не успеа да ја продаде и втората зграда на работната единица „Водовод и канализација“ што функционира во рамките меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

На вчерашната седница на Советот на општината предлог-одлуката за оттуѓување на недвижен имот на претпријатието беше одложена за следната седница.

Градоначалникот Рамиз Мерко гледа оправданост во ваквата постапка и потенцира дека тоа се прави во интерес на нови инвестиции, како и заради добивање современо урбанистичко решение за овој дел од градот.

- Во центарот на градот се гледа една руинирана административна зграда.  И затоа со продажбата на овој објект, не само што добиваме во продажба, туку добиваме и во комуналии, а од друга страна ќе работат повеќе бизниси, вели Мерко.

Директорот на струшкото претпријатие „Проаква“ Ваит Ајро, објаснува дека продажбата на објектот не се врши поради евентуална лоша состојба на претпријатието.

- „Проаква“ е во стабилна состојба. Бидејќи Општина Струга со одлука на Советот ја имаше сопственоста, ја продаде едната зграда и другата зграда е сопственост на МЈП „Проаква“.  Таа не одговара на денешното време и мора сигурно да се усовршува и да се изгради нов објект. Тука ќе придобијат и општината и претпријатието, вели Ајро.

Доколку се продаде сегашната административна зграда, според него, ќе се бараат решенија за сместување на вработените.

- Вработените би можеле да останат на истото место доколку се доградат нови простории. Втората алтернатива е да се купи соодветен простор на друго место, и третата, да се изгради нов објект на местото каде што сега се наоѓаат магацините на „Проаква“, додава Ајро.

Одлуката за продажба на административната зграда чиј простор изнесува 364 метри квадратни пред еден месец ја донесе Управниот одбор на работната единица „Водовод и канализација“ од Струга, според која постапката за отуѓувањето ќе ја води меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

Првата административна зграда на ова струшко јавно претпријатие, со одлука на Советот на општината беше продадена пред околу две години.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза