01 Мај, 2024
0.0265

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Патувањето во земјите на ЕУ ќе биде можно со било која вакцина - Европската комисија даде официјален предлог за „зелените пасоши“

Објавено во: Свет 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Дигиталните зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, порачано е од Брисел, пренесува Блиц.рс.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, во дебатата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, вели дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин кој е прилагоден на здравствената ситуација. 

Европската комисија предложи дигиталните зелени сертификати да се прошират на државјани на трети земји кои живеат или патуваат легално во ЕУ. Со текот на времето, европските зелени сертификати треба да станат интероперабилни со меѓународните стандарди. На среден рок, системот треба да се усогласи., така што сертификатите издадени од трети земји автоматски се прифаќаат во ЕУ “, рече Рејндерс.

Тој во Европскиот парламент рече дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека ќе се издадат потврди за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од ЕМА или не.

„Земјите-членки ќе бидат обврзани да прифаќаат вакцини кои се одобрени на ниво на ЕУ и тие ќе можат слободно да ги прифаќаат сите други вакцини“, вели Рејндерс.

Во Брисел, нагласуваат дека дигиталните сертификати не се „пасоши за вакцинација“, туку дека тие подразбираат три вида на сертификати што ќе бидат издадени во дигитална или хартиена форма и ќе се однесуваат на доказ за вакцинација против ковид-19, негативен тест или доказ за постоење на антитела.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, дека планот е да стапи на сила до почетокот на летото и дека тие ќе бидат суспендирани кога СЗО ќе означи крај на пандемијата.

„Кога пандемијата е зад нас, нема да има потреба од сертификати, но инструментот, кој сега го воведуваме, ќе се чува во случај да мора повторно да се активира поради нова пандемија“, рече Рејндерс.

Тој рече дека дигиталните сертификати можат да се користат само за слободно движење и дека секоја друга употреба на национално ниво мора да биде законски утврдена, пропорционална и недискриминаторска.

За предлогот на Европската комисија да воведе дигитални зелени сертификати, треба да биде поддржан во Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

извор. Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа