15 Мај, 2024
0.0260

Одгледувањето дете во Њујорк чини 2 милиони долари

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Надја Таха од Њујорк Тајмс пресметала  дека вкупните трошоци за одгледување на едно дете во Њујорк изнесуваат шокантни 2 милиони долари. Таха и нејзиниот сопруг кои  во живеат во Њујорк и двајцата се приближуваат својата 30-та година. Приходите на двајцата се нешто помали од просечните, според сумата која ја пресметуваат американските државни институции. Официјалниот годишен извештај за тоа какви се трошоците на семејствата за нивните деца, Таха го прилагодува на релниот живот. Таа ги вклучила и трошоците за колеџ, како и издржувањето на едно дете до неговата 25-годишна возраст (во официјалниот извештајот на ресорното Министерство трошоците за деца се пресметуваат до 17-тата година). Еве и пресметките на Таха: Основни потреби Во својата пресметка Таха ги користела податоците на Министерството за трошоците за храна, превоз, облека, како и трошоци за предмети за лична употреба, забава, материјали за читање за деца и други трошоци во домаќинство со двајца родители во Североисточниот дел на земјата, кои заработуваат заедно над 103 350 долари годишно. Детска грижа Таха за оваа ставка ги користи податоците од Одделението за рана детска грижа во Њујорк, од раѓањето на детето до градинката, кои трошоци се движат од 12 750 до 16 000 долари. Потоа ја пресметала и цената за одење на детето во училиште од 1-во до 12-то одделение. Здравствено осигурување Додавањето на дете кон нејзиниот здравствен план чини 4 000 годишно плус 750 долари за солидарно плаќање, рецепти и други терапии. Колеџ За да можеме да плаќаме половина од прогнозира учебна такса при просечна цена за четиригодишен државен универзитет, треба да се заштеди по 5 328 долари секоја година од раѓањето на детето па до неговата 18-тата година на детето, според калкулаторот на „BlackRock“, пишува Таха. По дипломирање Тука Таха ги додава трошоци за сместување, облека, храна, транспорт и здравствено осигурување на детето по неговото дипломирање и тоа на возраст од 18 до 25 години. Внуци И ова е очекувана стапка, Таха го искористила истражувањето на „MetLife“ за односите на дедовците и бабите со нивните внуци, за да пресмета дека таа и нејзиниот сопруг ќе мора да им помагаат внуците со 8 289 долари на секои пет години. Пропуштени плати Ако се земе во предвид породилното отсуство кое во Америка најчесто не е платено, како и истражувањата дека жените со деца заработуваат само 73% од она што го заработуваат мажите Таха проценува дека ќе изгуби 700 000 долари. Кога ќе се соберат сите трошоци, бројката изнесува 2 милиони долари, заклучува Таха која размислува за проширување на своето семејство.