19 Мај, 2024
0.0288

Одгледувачи на канабис: Легализацијата е заробена во дневно политички пресметки

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Што побрзо да се изгласаат измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, апелираше денеска Здружението на одгледувачи на медицински канабис „Макканабис“. Бараат од опозицијата во Собранието да не го блокира овој процес затоа што како што велат, ако не се изгласаат измените последиците ќе бидат многу големи. 

„Не знаеме зошто и не можеме да го пронајдеме коренот на проблемите кои произлегуваат од негативниот став на опозицијата кон оваа нова растечка гранка, особено што Законот беше донесен во 2016 година во време кога сегашната опозиција беше на власт. Апелираме за брза реакција и изгласување на измените на Законот, за да ги спречиме непоправливите последици кои ќе настанат доколку не се дозволи извозот на цвет, а со тоа и овозможување на егзистенција на сите лиценцирани субјекти и нивните вработени. Пред нас има две алтернативи: или промена на законот, заземање на водечка позиција на пазарот со канабис и придонес за развојот на економијата на Република Северна Македонија или постепено одумирање на канабис индустријата, се вели во соопштението.

Од Здружението потсетуваат дека вчера Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации ја прифатила препораката на Светската здравствена организација за отстранување на канабисот од Листата IV од Конвенцијата за наркотични дроги и нејзино ставање во Листа 1. Додаваат дека се повеќе држави кои ја легализираат употребата на канабисот, додека, според нив,  во земјава легализацијата е заробена во дневно политички пресметки.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места