02 Мај, 2024
0.0268

Од ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во ветувањето за плата од 500 евра

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух, а премиерот Зоран Заев според нив ги повторува истите лаги, и народот повеќе не му верува.

Велат дека Заев ја урнисал економијата. 

„Зоран Заев и СДСМ имаа две години да направат нешто за Македонија, наместо да се посветат на економијата и создавање на подобар животен стандард за граѓаните, власта се насочи кон распродавање на државните и националните интереси. Зоран Заев го нанесе најголемиот национален пораз на државата, неколкукратно го погази Уставот, законите и процедурите, при носење на законот за двојазичност, а ги погази граѓаните при промената на името. Зоран Заев и покрај општото фијаско во економијата продолжува да лаже. Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализира. Просечна плата од 500 евра со СДСМ нема да има, исто како што нема почист воздух. Повратот на 15% на ДДВ Заев го најави уште пред две години и не го реализира, но тоа не го спречува безсрамно пак да го ветува“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат Заев ги повторува истите лаги кои ги кажувал пред две години, но сега народот веќе знае дека Заев нема да постигне ништо.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија