Добивај вести на Viber
Околу 30 милиони Бугари и Романци, од 1. јануари ќе можат слободно да работат во земјите на ЕУ. Истото важи и за оние Македонци кои имаат извадено бугарски пасош.
Тоа ќе значи дека од идната година нема да има квоти за вработување кои се актуелни во 10 членки на Унијата: Белгија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта и Холандија.
Дел од овие земји веќе најавија дека ќе ги повлечат ограничувањата, но некои од нив не се расположени за примена на законот на ЕУ, со кој една земја-членка може да ги одржи своите рестрикции на пазарот на труд пет години по ред, по пристапувањето на нова земја.
По истекот на рокот може да ги продолжи мерките уште две години, но само, ако се соочува со сериозни нарушувања и ако има објективно оправдување.
Бугарија и Романија, кои во Унијата влегоа во 2007 година, поради стравувањето на поголемиот број европски држави дека ќе има масовно иселување воведоа ограничување на работните дозволи за граѓаните од овие две земји.