05 Мај, 2024
0.0245

Од што настанува пивскиот стомак?

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Проблемот на пивопијците во цел свет е ист, но, малкумина се вознемируваат околу тоа ако се работи за мажите. Се чини дека на нив им стои овој моден додаток повеќе отколку на жените. Но, што всушност го предизвикува?

Пивото не е нужно волшебна состојка поради која се шири нашиот струк, туку зголемениот внес на калории – било кои: преку алкохол, зашеќерени и газирани сокови или прекумерни порции храна.

„Воопштено, конзумирањето алкохол е поврзано со широк струк, бидејки кога пиеме алкохол црниот дроб го согорува наместо маснотиите“, објасни ендокринологот  Мајкл Јенсен, од американската  Клиниката Мајо.

Исто така, многу е лесно да се испие многу пиво, а тешко е да се застане со едно. Просечно пивото содржи 150 калории, а ако во една вечер испиете неколку, последиците наскоро ќе ги забележите на својата линија.

Во целиот збир на калории не смеете да заборавите на додатоците: грицки кои ќе ги изедете, вечера на која ќе скокнете до кебапчилница или фурна во доцните вечерни часови, или сендвич кој ќе си го направите кога ќе стигнете дома и умирате од глад. Не е залудно комбинација на пица и пиво толку добар маркетиншки трик.

Ако внесеме повеќе калории отколку што можеме да потрошиме, тогаш нашето тело ќе ги складира како масти, а каде ќе се наталожат зависи од неколку фактори – возраст, пол и хормони.

Жените имаат повеќе поткожно масно ткиво од мажите, а овие масти се акумулираат на рацете, бутините, задникот и стомакот. Со оглед дека мажите имаат помалку поткожно масно ткиво, тие ги складираат на стомакот.

Пивските стомачиња се поизразени колку повеќе старееме бидејки со годините опаѓа нашата потреба за поголем внес на калории, а исто толку се намалува количината на телесна активност. Истражувањата покажале дека пушачите наталожуваат повеќе масти на делот околу стомакот во однос на оние лица кои не пушат.

 

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ