18 Мај, 2024
0.0263

Од што би требало да се плаши светот во оваа 2018та?

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Иако светската економија оствари опоравување во 2017та, неколку „тмурни облаци“ би можеле да ја помрачат перспективата на раст во 2018 година, согласни се кинеските аналитичари.

„Еден од факторите кои се крие зад минатогодишната економска сила е тој што едвај да бил еден таков „тмурен облак“, вели истражувачот на Кинеската акедмија за општествени науки Џанг Минг, а пренсуваат кинески медиуми.

„Самиот факт дека нивоата не се материјализирале, не значи нужно дека тие и не постојат“, додава тој.

Според негово мислење, постојат барем шест настани кои можат да го загрозат опоравувањето на глобалната економија, при што најголема неизвесност доаѓа од сферата на политиката.

Долготрајното ривалство на глобалните и регионални сили на Блискиот исток, според Џанг, би можело да се искомплицира, зголемувајќи го така притисокот на движењето на глобалните цени на нафтата.

Изборите во Италија, исто така, би можеле да произведат некои непредвидли настани, како што е на пример, нејзино излегување од еврозоната. 

Иако антиглобализациското расположение не ги спречило водечките светски економии да остварат бенефит од трговијата во 2017 Џанг е на мислење дека било каква промена во трговската политика на Трамповата адмнистрација би можела да го загрози глобалниот раст.

Економијата на САД до неодамна ја одржуваше инфлацијата на ниско ниво, а нејзиниот изненаден скок би можел да ги забрза чекорите на американската Управа на федерални резерви на зголемување на каматните стапки и намалување на програмата на поттикнување.

Таквите инциденти, иако малку реални, би можеле, како велат, да го успорат економскиот раст на САД, и да имаат домино ефект на остатокот на светот, но и да „стават точка“ на девет годишниот оптимизам на америкаскиот пазар на акции.

Брзото зголемување на камати во САД од очекуваното би довело до јакнење на доларот, што би резултирало со одлив на капитал и депрецијација на валутата во некои земји во развој.

Глобалната економија, според проценки на кинескиот CAS оваа година ќе порасне за 3,5 отсто, што е нешто пониско во однос на проекцијата на ММФ од 3,7 отсто.

„Ниските проекции се одраз на нашата загриженост поради проблеми како што се меурот со цени на недвижнини, високо ниво на долг и геополитички судири“, изјавил Јао Џиџонг, уште еден од истражувачите од CAS.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа