Од понеделник има нови правила за влез во Словенија
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2022
Има нови правила за влез во Словенија. Тие стапуваат на сила во понеделник.
Патниците на кои им беше наложено да одат во карантин по влегувањето во Словенија повеќе нема да можат да го скратуваат карантинот со ПЦР тест.
Одлуката е донесена по скратувањето на карантинот од десет на седум дена оваа недела, пренесува СТА. За да се избегне карантин, патниците мора да покажат валидна пропусница за ковид со која се докажува вакцинацијата или потврда дека прележале од ковид-19 или имале негативен ПЦР тест во последните 48 часа или брз антиген тест во последните 24 часа.
Целиот регион е со лоша епидемиолошка состојба. Досега во Словенија од коронавирусот починаа 5.705 луѓе.