Од полноќ поскапуваат горивата
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2018
Нови цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ. Регулаторна одлучи да ги поскапи горивата.
Имено, дизелот се зголемува за денар, па литар ќе се точи за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.
Евросупер БС-98 ќе се продава за 68,5 денари за литар, а новата цена на маслото за домаќинство изнесува 48 денари. Поскапува и мазутот кој изнесува 29,367 денари.
РКЕ причина за новите поскапени цени на дериватите ги наведува за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.