Oд оваа земја масовно се иселуваат во Германија
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2017
Повеќе од 150.000 луѓе ја напуштиле БиХ од 2013 година.
Овој податок покажува дека по стопанството на оваа земја ќе има сериозни последици и стагнација.
Само во 2017 година од земјата си заминале над 35.000 луѓе.
Босанска Посавина е место каде населението е преполовено во однос на 1991 година.
Од тој дел на БиХ оваа година се иселиле над 10.000 луѓе и тоа од Брчко, Добој, Босански Брод, Градача, Сребреник и други градови.
Од Ливно ако порано заминувале само мажите, сега си заминуваат цели семејства.
Проблем е што се иселуваат многу лекари и професори, но и луѓе постари од 50 години.