Од Мариупол не остана ништо освен урнатини, вели Зеленски
Објавено во: Свет 22 Март, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека од градот Мариупол повеќе не останало ништо, освен урнатини.
Мариупол, клучната стратешка мета на Москва, со недели трпеше руско бомбардирање. Оттаму редовно се појавуваа информации дека жителите се соочуваат со недостиг на храна, лекови, струја или вода за пиење, а претходно Зеленски соопшти и дека двегодишно дете починало поради дехидрација.
Украина претходно информираше дека околу 100.000 луѓе не можеле да си заминат од градот.
Украина вчера одби ултиматум градот да се предаде како услов руските сили да ги пуштат цивилите на безбедно.
Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа руските новински агенции, цитирани од Ројтерс. Тие разговарале за состојбата во Украина.
фото Принтскрин