18 Мај, 2024
0.6120

ОД КАДЕ ПАРИ: Ќе се градат нови патишта ширум земјава !

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Со инвестициски тендер од 800 милиони евра министерот за транспорт најавува изградба и реконструкција на неколку автопатски делници ширум земјава.

Седум милиони евра за обнова на Автопатот Смоквица-Гевгелија,  16 милиони евра за  Куманово-Миладиновци, изградба на автопатска делница Требениште – Струга за  45 милиони евра, рехабилитација и на автопатска делница Неготино – Демир Капија и распишување за јавен повик за  јавно-приватно партнерство за изградба на автопатот Скопје-Блаце се плановите кои вчера ги соопшти министерот Мисајловски.

Најави има и за обнова на  регионалните и магистралните патишта Кочани – Делчево, експресниот пат Градско – Прилеп, Охрид-Пештани, Штип-Кочани, Штип-Радовиш... а треба да почне и изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Во фокусот на најавени реконструкции спаѓаат и 46 локални патишта во 36 општини за кои Министерството ќе издвои  7,2 милиони евра.

Од каде пари за овие инвестиции?

Министерството за транспорт и врски ја планира реализацијата на реконструкции во железничката и патна инфраструктура со предложениот буџет за 2016 година од кој се предвидени речиси две милијарди денари.

Железничката инфраструктура ќе се гради со заеми

Предвидени се 36 милиони евра за инвестиции во железничата инфраструктура, но 27,7 милиони евра се од заеми, а само 8 милиони евра од буџетот на државата

„Со планираните инвестиции во железничката инфраструктура опфатено е редовното и тековното одржување во постојната железничка инфраструктура, реализација на проектот – Подобрување на железничката пруга Коридор 10, Рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како и надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници, се наведува во предог Буџетот за следната година.

И во 2017 и во 2018 година, повторно се планирани по осум милиони евра од буџетите за инвестиции од железницата или вкупно 18 милиони евра од буџетот, а за тие две години планирани се заеми од 78,5 милиони евра.

Дополнителни пари за жичарата на Водно

Во предлог буџетот предвидени се 490.000 евра за жичарата

„Од Средно Водно – Институт за белодробни заболувања и Секција 3: Институт за белодробни заболувања – Црква Св. Јован, се појаснува во предлог Буџетот.

А за жичарата се планирани уште 7 милиони евра во 2017 и 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа